Стравот, паниката и неизвесноста можеме да ги победиме само заеднички, обединети, со песна и во домашни услови! Да бидеме одговорни за колективното здравје, да го сведеме на минимум нашето излегување, да не се собираме во големи групи на луѓе.
Во бројните италијански градови луѓето излегуваат на балконите и прозорите и како на почетокот на епидемијата во Вухан, кога на цел град му беше одреден карантин, пеат песни, но највеќе ја пеат италијанската химна.
Поради воведувањето на забрана за движење во целата земја и други драстични мерки, италијанците се затворени во своите домови.
По социјалните мрежи кружат снимки од бројни градови – Салерна, Наполи, Рим, Сиена, Торино, Каљари на кои луѓето пеат од своите тераси и прозори.