27 C
Skopje

Предупредување за новите родители – ’рчењето кај бебињата е опасно

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Доколку забележите дека вашето бебе ’рчи тоа задолжително треба да му го споменете на педијатарот, бидејќи ’рчењето кај децата може да биде и знак на сериозни проблеми.

Бебињата се мали и слатки и затоа тој звук на ’рчење, кој доаѓа од креветчето може да ни биде симпатичен и родителите често не му придаваат значење и го сметаат за безопасен.

Секако ако бебето е настинато или многу уморно, ако ’рчи само повремено, тогаш ’рчењето не е причина за загриженост.

Но ако бебето на пример ’рчи четири ноќи во текот на неделата или почесто, некои работи би требало да ги знаете, пишува британски „Мирор“.

– Дишењето е автомаска работа, која е под контрола на мозокот. Во зависност од нивото на одредени материи во крвта, мозокот може да заклучи дали дишењето функционира како што треба, појаснува педијатарот Дејвид Мекинтош.

– Ако мозокот добие сигнал дека нешто не е во ред, се менува ритамот на дишење, со цел тој недостиг да се компензира. Проблемот со опструкцијата на дишните патишта (што се случува кога ’рчиме) е во тоа што дури и ако мозокот го препознае проблемот и ги зголеми напорите да вопспостави нормална фукција на дишењето, со тоа не се постигнува премногу, вели др. Мекинтош.

Кога дишните патишта не се проодни, нивото на кислород во крвта се намалува и мозокот тогаш почнува да „паничи“, што може да доведе до бројни пробеми.

Истражувањата на оваа тема, во текот на кои ја проучувал општата состојба на децата кои ’рчат, најмалку четири ноќи во текот на неделата, покажале дека кај нив се почести потешкотиите во одржување на вниманието, но и проблеми во социјализацијата, анксиозноста, депресивните симптоми, копгнитивните пореметувања, проблемите со помнењето…

Др. Мекинтош бил на чело на истражувањето во текот на кое се набљудувани илјада деца, во период од шест години, почнувајќи од шестиот месец од животот.

Анализата на податоците собрани во текот на оваа обемна студија покажала дека децата, кои ’рчат патат од апнеја во сонот, имаат значително зголемен ризик од горенаведените проблеми за дури 50 до 90 отсто зголемен ризик од дефицит на внимание и пореметување на хиперактивност во однос на децата, кои не ’рчат.

– Децата, кои на возраст од две или две и пол години имале застој во дишењето во текот на спиењето имале највисок ризик од хиперактивност, додека децата, кои подоцна ги надминале тие пореметувања во дишењето во сон и натаму имале нешто поголем ризик од децата, кај кои никогаш немало такви проблеми, кои би се манифестирале преку ’рчење, вели др. Мекинтош.

Ако забележите дека вашето дете ’рчи во сон и ако тоа се продолжи во текот на одреден временски период, така што повеќе не е исклучок, туку пред се правило, за тоа задолжително известете го педијатарот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...

Сулејман Величествениот сака да ја купи луксузната вила на пејачот Бојановиќ – дoбил вакoв одговор (Фото)

Вилата на Милош Бојаниќ на Црногорското приморје секогаш била атрактивна за многу домашни но и странски купувачи кои на пејачот му нуделе милиони. Од...
- Advertisement -