fbpx
15 C
Skopje

Преку 450 луѓе од Истокот денеска заминаа во Италија, 120 само од Делчево

АКТУЕЛНО

Веќе 7-8 години градовите во источна Македонија се повеќе се празнат, а жителите на Делчево, Берово, Каменица, Виница и Пехчево масовно ги напуштаат своите домови и заминуваат во странство.

Сезоната на лозјето почна, а од истокот само денеска во Италија заминаа преку 450 луѓе. Од информациите кои што ги добивме од автобуската станица во Делчево денеска се продадени преку 120 карти за Италија, само од овој град.

Луѓето од истокот велат дека таму се платени по 6 евра час, пари кои во Делчево и Каменица ги земаат за целодневно работење.

„Таму работиме цел ден, но нашиот труд е платен и ценет од нашите работодавци. Овде работиме цел ден за 6 евра а таму работиме еден час за 6 евра“, велат Делчевчани.

Меѓу луѓето кои што заминуваат на сезонска работа во Италија има и студенти кои велат дека сакаат да работат еден месец, за да заработат пари со кои би можеле да си помогнат на самите себе и на своите родители во текот на нивното студирање.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -