fbpx
21.8 C
Skopje

Преку насилството врз пратениците го тепавте народот

АКТУЕЛНО

Пишува: Михаил Новковски

„Народ„ кој во четвртокот намерно пуштен да влезе во собранието, кој беше добро организиран ги претепаа граѓаните, граѓаните кои гласале за пратениците кои истите ги претставуваат во домот на демократијата. Срамниот чин кој беше организиран токму од оној кој нарачуваше „шамари во центар„ тогаш нереализираниот атак денеска успеа, кожата си ја спасува преку изманипулираниот, дел поднапиениот граѓанин кој слепо му верува на неговиот пастир.

Криминалот кој е направен од невидени рамери сега преточуван во бензиски пумпи плацеви и фабрики го бранат токму овие кои се задскриваат позади знамето на Македонија големи демохристијани а во душите полни со црнина и жед за крв..Одговорност мора да има почнувајки од директорот на БЈБ до целиот кризен штаб кој дозволи овој срамен чин осмислен во белата тврдина да се реализира.

Дека целата состојба била добро кординирана и осмислена покажува фактот како блиндор вратите беа пробиени од маса не поголема од 1500 луѓе и истите така брзо во огромен објект да го пронајдат прес центарот каде беа сместени пратениците. Диктаторот ќе ги пушти по вода сите учесници на овој насилен чин ги чека казна затвор од 1 до 10 години на чело со Бетмен, Дамовски, Дурловски кои сакајки да придобијат некоја корист неславно ќе завршат во затвор.

Вие не сте ВМРО, ВМРО не штитела криминалци не го ограбувала својот народ туку за истиот била спремна да загине, немојте повеќе да се задскривате зад четирите свети букви немојте да ја валкате историјата на Македонскиот народ со цел да избегнете одговорност.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -