fbpx
-2.9 C
Skopje

Премиерот Заев на јубилејот на ЛГБТИ центарот: Заштита на правата на сите граѓани во Република Македонија е заложба и определба на Владата

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...
Граѓаните на Република Македонија покажаа каква Македонија сакаат. Граѓаните на Македонија застанаа зад концептот дека секој е важен и дека Македонија треба да биде држава на сите граѓани и за сите граѓани.
https://www.youtube.com/watch?v=aW2J99F3XVI
Како Влада на Република Македонија застанавме цврсто зад овој концепт што обезбедува живот и иднина за сите граѓани, и одлучни сме, ќе продолжиме да ја градиме Македонија во држава за сите и на сите.
Општеството го поставивме на вистинскиот пат. Тоа е патот на демократска и европска Република Македонија.
Демократијата не се стекнува преку ноќ, ниту пак е нешто дадено еднаш засекогаш.
Ја развивавме секој ден, со тоа што се развиваме пред сѐ самите себеси, низ надминувањето на наметнати или наследени предрасуди и стигми, испречени како предизвици за да извлечеме поука, што е најдобро.
Како и да е, еден од темелите на демократијата е почитувањето на човековите права и Владата ќе направи сѐ за да ја овозможи оваа уставна придобивка на секој граѓанин во Република Македонија.
Знам дека вашиот Центар, поради поттикнатите насилнички напади, мораше да ја смени својата локација и да се исели од просториите во Скопската чаршија.
Овој инцидент, како и уште неколку слични други во изминатите години, не беа расчистени од страна на институциите.
И не се единствените што се случија во државата.
Тука сум уште еднаш да испратам порака дека тие времиња на беззаконие, на кршење на човековите права по кој било основ се минато, затоа што Владата на Република Македонија поставува темели на држава којашто е заедничка за сите и којашто ќе се стреми да ги штити правата на секој, без разлика на какви било различности, припадност, уверувања и слично.
Еден од чекорите што се преземаат во таа насока е подготовката на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, за којшто е во тек е јавната расправа.
Целта е, со овој закон да постигнеме законска усогласеност со меѓународните стандарди за човекови права. Дефинирањето поими, што се подразбира под дискриминација, ќе биде во согласност со меѓународните стандарди.
Значајни промени се предвидени и во самата Комисија за заштита од дискриминација, којашто ќе биде професионализирана, преку транспарентен избор на членови, докажани во областа на човековите права.
Знаеме дека законите не се доволни и дека она што е потребно е да се погрижиме сите ние како заедница, да покажеме почитување и недискриминација по која било основа, низ давањето личен пример, во семејството, во нашето непосредно опкружување, во општеството.
Ваквиот пристап на градење општетсво за сите, е став на огромното мнозинство граѓани, што е обврска за сите нас да го развиваме, со што го трасираме патот на демократска, современа Република Македонија.
Ви ја честитам 5-годишнината од формирањето на ЛГБТИ Центарот и ве охрабрувам да бидете гласни, слободно да се изразувате и да дејствувате во насока на заштитата на правата на граѓаните.
Заштита на правата на сите граѓани во Република Македонија е заложба и определба и на Владата на Република Македонија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Тони повторно распали: Говор по победата кој го ежи секој македонец (видео)

Одбојкарите денес ја победија Турција и се пласираа на ново Европско првенство, второ во низа. Одново Македонија се радува, ќе имаме фантастична година во која...

НАЈНОВИ ВЕСТИ: Судир меѓу автобус и две возила кај шумарсkи факултет во Скопје

Според изјавата на возачот на автобусот дадена на внатрешната контрола на ЈСП Скопје, стои во соопштението, незгодата се случила околу 15 часот во момент...

Љупчо Николовски со убава вест за граѓаните на источна Македонија

Работната сабота ја завршуваме доцна, но со повеќе одлуки на Владата во интерес на граѓаните. За капиталниот проект во македонскиот Исток, брана на река Отиња...

AМЕРИКАНСKАТA ВОЈСKА НА НОЗЕ : Се очекуваат протести од вooружени приврзаници на Трамп(ФОТО

НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ Сите 50 држави во САД и областа Колумбија се во состојба на итен повик викендов поради можни насилни...

СИТЕ ПРИСУТНИ НА АЕРОДРОМОТ ВО ФРАНКФУРТ ЕВАКУИРАНИ: Причината следна

Неколку сектори на аеродромот се затворени поради постапката на полицијата, која побарала од граѓаните да не ги споделуваат снимките од овој настан на социјалните...
- Advertisement -