fbpx
13.8 C
Skopje

Премиерот Заев: Новите инвестиции се нова вредност во економијата и потврда дека деловната клима е стабилна

АКТУЕЛНО

Интегрално обраќање на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на отворањето на хотелот Меркур во Тетово:

 

Почитувани гости,

Почитуван амбасадор на Република Франција, Тимоние,

Почитуван претседател на ДУИ, Али Ахмети,

Почитуван поглавар на Исламската верска заедница, Хаџи Сулејман ефенди Реџепи,

Почитуван сопственик и менаџмент на хотелот Меркур,

На самиот почеток дозволете да Ви упатам искрени честитки и желби за почеток на една успешна и плодоносна работа.

На мое огромно задоволство денеска присуствувам на свеченото отварање на хотелот Меркур.

Вашата инвестиција создава услови и отвора потенцијал градот Тетово да прерасне во атрактивна дестинација препознатлива на регионалната и европска туристичката мапа.

Новите инвестиции се нова вредност во економијата. Вашата инвестиција претставува нова вредност за градот Тетово и за Република Македонија.

Ова е потврда дека деловната клима се стабилизира и се повеќе шанси и можности за нови инвестиции се отвораат.

Очекувам да постигнете многу позитивни резултати на економски план. Посакувам да реализирате уште многу нови инвестиции во Македонија.

Владата на Република Македонија гради партнерски однос со бизнис заедницата. Имаме слух за потребите на бизнисот и политичка волја заедно да ги надминуваме и унапредуваме состојбите во економијата. Во тој дух упатувам искрени желби за плодоносна соработка.

ФОТО

Уште еднаш честитки и Ви посакувам успех во работата!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -