17.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

Премиерот Заев со владина делегација во официјална посета на Република Австрија

Почитувани,

Ве известуваме дека претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од владина делегација, на 26 јуни е во официјална посета на Република Австрија, а на 27 јуни е во работна посета на Република Полска.

Во Виена, премиерот Заев ќе има средба со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц, по што ќе имаат заедничка прес конференција. Ќе има и средба во Парламентот на Австрија, ќе се обрати на дебата на тема „Заедничка европска иднина за Југоисточна Европа – Примерот на Македонија“, а во рамки на посетата, премиерот Заев и владината делегација ќе имаат и средби со претставници на бизнис заедницата во Австрија.

 

Во Варшава, премиерот Заев ќе има средба и заедничка прес конференција со премиерот на Република Полска, Матеус Моравјецски.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -