fbpx
10 C
Skopje

Пресврт во целиот процес: За 7 денови – возачот го промени мислењето за сообраќајката

АКТУЕЛНО

Со сосема спротивен исказ од оној даден пред обвинител, поранешен возач во „Дурмо турс“, Бесник Халили, денеска сведочеше во судницата на рочиште за несреќата кај Ласкарци. Халили кажа дека работел во „Дурмо турс“ од 2007 докај 2014, и тогаш возел на линијата Гостивар-Скопје. Напуштил работа, а се вратил во 2017 и во „Дурмо турс“ работел до пред четири месеци, пренесува ПЛУСИНФО.мк

Овој сведок раскажа дека додека возел на линијата Гостивар-Скопје, биле донесени три нови автобуси меѓу кој и тој од сообраќајната несреќа.

– Ги носевме во Скопје на влезот на Железара на сервис за тахографот. Таму ги носевме да ги баждарат и да ги сервисираат ако нешто не е во ред. Тогаш во Гостивар немаше таква фирма, Ремзи ни кажуваше. Не можам да се сетам дали само Ремзи или Дурмиш нѐ посочуваа во тој сервис. Не се сеќавам дали имало манипулатор – сведочеше поранешниот возач.

Како што пишува ПЛУСИНФО.мк по ваквото сведочење обвинителот Дарко Јакимовски побара да му го освежи сеќавањето на Бесник со предочување на исказ даден во истрагата. Ова со правен речник се нарекува прогласување за „непријателски сведок“. Обвинителот му го покажа исказот на сведокот и го праша дали е негов потписот ставен на исказот, а возачот потврди. Потоа обвинителот почна да чита од тој исказ.

– За разлика од сега кога сведочевте пред јавен обвинител на истото прашање одговарате: „Ви врска со тахографот, автобусот кој учествуваше во несреќата, сакам да кажам дека имаше уред за манипулација на тахографот. Тој уред функционираше на комчеџпрекифсч. Ако го вклучиш се намалуваше брзината“. Дали ова се ваши зборови? – праша обвинителот.

Халили негираше: – Не се мои зборови, ова не е вистина.

Обвинителот продолжи да чита и понатаму од исказот.

– На прашање на јавниот обвинител кој го упатил во фирмата, како знаел каде да оди, кажувате: „Јас првично каде да одам и што да правам ми кажа шефот Ремзи. Бидејќи тој е шеф на возниот парк, сигурно знаел за вакво копче. Јас на своја рака сигурно не ми текнало да барам такво копче за манипулација. Тоа е направено на барање на Ремзи. Ваков уред се поставува за манипулации кога возиш брзо“ – цитираше обвинителот и праша дали и ова не е вистина.

Целиот текст на ПЛУСИНФО.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -