19.2 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседател на Европската комисија: Лекарка со аристократска крв

Иднината на Европската Унија се наоѓа на крстопат помеѓу неколку концепти: соединети европски држави по моделот на САД со уништување на националните идентитети и креирање на таканаречен „европски“ идентитет, Европа на национални и суверени држави по моделот на Виктор Орбан (ЕПП), Матео Салвини (ИД), Матеус Моравецки (АКРЕ/ЕКР) или пак повторно да се втурне во „ренесанса“ според болните желби на човечето со наполеонски комплекс.

Мигрантски кризи, внатрешна поделеност, БРЕГЗИТ….Европа крвари и одвнатре и однадвор. Кој тоа подобро може да го излечи ако не докторката по општа медицина и специјалист за јавно здравје: д-р Урсула фон дер Лајен!

Лекарите во политиката и низ историјата се секогаш присутни. Почнувајќи од темелите на идејата за македонска државност, па се до декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави. Всушност, првиот претседател и основач на историско ВМРО е лекар, доктор по општа медицина – Христо Татарчев.

За потписниците на декларацијата за независност на САД и основачи на денес најмодерната нација и водечка сила во светот, повеќе на крајот од овој текст.

Foto

ФАМИЛИЈАРНА ЛОЗА: Аристократската фамилија фон дер Лајен!

Родена е во Брисел, 1958 година, порасната е билингвално: германски и француски. Таа е германка и американка од британско потекло.
Почетоците на нејзините студии се во 1977 на факултетот за Економија во Готинген, Германија (University of Göttingen), а веќе следната година продолжува во Лондон на London School of economics. Нејзината миграција е присилна и под закана од Црвената армиска фракција Red Army Faction (RAF). Урсула како дете на високи политички личности, е под закана за киднапирање. Во Лондон, таа живее под нејзиното америкнско-британско фамилијарно презиме Ладсон (Rose Ladson), а е под заштита на Скотланд Јард – Scotland Yard Metropolitan Police Service (MPS).

Најпрво се запишала на економски факултет (1977) за потоа да направи освртување кон медицината (1980). Конечно, во 1987 година дипломира како доктор по општа медицина на Медицинскиот Факултет во Хановер. Продолжува да се занимава со здравјето кај жените, и во меѓувреме завршува специјализација за јавно здравје. Епидемиолог, социјална медицина и истражувања на здравствен систем – специјалист по Јавно Здравје, доктор Урсула фон дер Лајен!

Мажот на Урсула е исто така дел од аристократската фамилија von der Leyen (фон дер Лајен), а се вика Хеико фон дер Лајен. Исто како и Урсула, и Хејко фон дер Лајен е лекар по професија. Тие имаат дури 7 деца! Вистинска модерна конзервативна фамилија.

Foto

Таткото на шефот на Европската комисија Урсула е Ернст Карл Јулиус Албрехт (Ernst Carl Julius Albrecht). Тој бил германски политичар од висок ранк во ЕУ, а исто така и екс-премиер на област во Германија (Lower Saxony 1976 – 1990). Негов наследник е познатиот германски социјалист, Герхард Шредер (Gerhard Schröder).

Ернст Албрехт (Ernst Albrecht), таткото на Урсула, доаѓа од уште поголема аристократска фамилија која влече корени на најпознатите лекари и правници од 17тиот век. Тој е син на Карл Албрехт, светски познат доктор по своите изуми за практики за контрола на умот, зајакнување на концентрацијата и психичката стабилност и спремност кај индивидуите.

За време на 18 и 19 век, фамилијата на Урсула преку таткото Албрехт, припаѓаат на елитните и таканаречени аристокатски hübsche (“genteel”) фамилии во Хановер. Дел од истата фамилија се членови и на таканаречените „фамилии од прв ред“ односно дел од највисоката хиерархиска група Hanseaten.

Цар Александар II на Русија & Баронот во фамилијата на Урсула, Лудвиг Кноп!

Човекот од кого почна текстилната индустрија и револуција во Русија, Лудвиг Кноп (Ludwig Knoop) е дел од фамилијарното стебло на шефот на Европската комисија. Кноп е познат како еден од најдобрите (можеби и најдобар) претприемач во неговото време. Како пионер во текстилната индустрија во тогашна Русија, тој игра улога на мост помеѓу бизнис релациите од Западна и Источна Европа, а од цар Александар II на Русија, ја добива титулата Барон (Baron Ludwig Knoop).

Foto

Ќерката на Лудвиг Кноп, Луиза Кноп (Louise Knoop), се зема со Џорџ Александар Албрехт (George Alexander Albrecht), пра пра дедо и баба на Урсула фон дер Лајен. Џорџ Албрехт е австо-унгарски конзул и богат бизнисмен кој припаѓа на таканаречените “patrician” фамилија (Patrician, post-Roman Europe). Ваков вид на фамилии се прв пат познати во античко време односно антички Рим. Тие се класа на семејства чии членови првично биле единствените луѓе на кои им било дозволено да извршуваат политички функции.

Внука на личности кои одиграле клучна улога во британската колонизација на Америка!

Американската линија во фамилијата на Урсула доаѓа од Карл Албрехт и жена му Мери. Мери доаѓа од фамилијата Ладсон (Mary Ladson Robertson). Шефот на Европската комисија Урсула, до своето живеење во Лондон била позната фамилијарно како малата Ладсон, а не Урсула. Конкретно, живеела под името Роза Ладсон.

Нејзините американски предци одиграле меѓу клучните улоги во британската колонизација на Америка, а е потомок од едни од првите британски колонизатори на Каролина, Вирџинија, Пенсилванија и Барбадос како и многу останати гувернери. Дел од овие гувернери се:

Гувернерот на Каролина, Џон Јеманс Sir John Yeamans, 1st Baronet (1611–1674) Гувернерот на Каролина, Џејмс Моор James Moore (1650 – 1706)
Роберт Гибс, гувернер на Јужна Каролина Robert Gibbes (1644 –1715) Познатиот доктор и гувернер на Јужна Каролина Томас Смит како и гувернерот Џозеф Блејк, Заменик гувернер на Пенсилванија, Самуел Карпентер Samuel Carpenter (1649 – 1714).

Најпознатиот американец со британско потекло од фамилијарната лоза на претседателката на Европската комисија е Џејм Ладсон (James Ladson, Ladson’s family). Тој е еден од главните генерали во американската револуција. Како што беше објаснето во почетоците на овој текст, Урсула фон дер Лајен кога пребегува во Лондон поради закана и прогон, се води под презимето Ладсон кое доаѓа најдалеку до овој член и генерал во американската револуција.

Американската револуција е најбитен историски момент за денешната модерна американска нација и САД во целост. Тука доаѓаме и до последниот момент за присуството на лекарите во политиката и битните историски моменти, а завршуваме со декларацијата за независност на САД (Declaration of independence). Од вкупно 56 потписници, скоро 10% се лекари. Тоа се лекарите претставени на сликата: Benjamin Rush (1745-1813), Josiah Bartlett (1729-1795), Lyman Hall (1724-1790), Matthew Thornton (c.1714-1803), Oliver Wolcott.

Автор на текстот: Стефан Василевски, дипломиран доктор по општа медицина и управител на политичката организација Конзерватив МК (Conservative.mk, слика лево).

Извори: National Library of Medicine (NLM) USA, BBC News, Encyclopædia Britannica & Wikipedia.

Foto

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Анализа: Ќе ја добие ли ЕУ политичката битка со КОВИД-19?

Вакцината за КОВИД-19 ќе го донесе новиот политички победник во светот. Зошто политички, а не само научен?   Затоа што политиката претставува суштествен поим со...

(ВИДЕО) Прекрасна емоција: Аплауз за Мила во детската клиника

Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш...

Синот на претседателот позитивен на корона вирус – тој му упати моќна порака

Данило Вучиќ, синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е примен на Инфективна клиника поради коронавирус. Дека Данило е болен, соопшти лично српскиот претседател преку...

Тажна вест: Родилка не ја издржа борбата со корона вирусот, бебето е во добра состојба

Најновата вест е пренесена од страна на Министерството за здравство. Министерството за здравство со големо жалење ја информира јавноста дека предмалку почина родилката позитивна на...

(ВИДЕО) Градоначалникот раскажа: Направив тестови во две приватни болници – резултатите беа различни

Тој за Канал 5 вели дека се чувствува добро и е без симптоми. Иста е состојбата и со неговата сопруга. Двајцата се тестирале откако...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.