5.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Претседателот на БЕСА: За нас во иста позиција се и Ахмети и Груевски (ВИДЕО)

Претседателот на БЕСА, во интервју за а1он.мк вели дека не би сакал да шпекулира која би била позицијата на Ахмети во случајот, но имајќи предвид дека ДУИ и ВМРО ДПМНЕ владееле 10 години во коалиција, големи се можностите пак да состават влада, имајќи ги предвид нивните бројки на пратеници.

Тој истакна дека и покрај тоа што Ахмети ставил потпис на заедничката платформа на албанските партии, сепак прва опција за коалицирање на ДУИ со партија од македонскиот блок, би била опцијата за коалиција со ВМРО ДПМНЕ.

Во интервјуто, претседателот на Беса нагласи дека тие нема да поддржат никаква Влада, ниту пак било каква иницијатива, која не се базира на барањата кои се ставени во заедничката платформа на албанските партии во Македонија.

„Изјавата на Груевски дека нема да прифатат двојазичност, нема да прифатат продолжување на мандатот на СЈО, на некој начин ја исклучува поддршката на БЕСА за било каква влада, во која ќе има партија која нема да се залага за решавање на албанскиот јазик и  продолжување на мандатот на СЈО“, вели Билал Касами, во интервју за а1он.мк.

На прашањето за евентуална коалиција со Ахмети и Заев, претседателот на БЕСА вели „за нас како БЕСА, колку што е крив Никола Груевски за ситуацијата во која се наоѓа Република Македонија, уште повеќе е крив и Ахмети, така што ние сме кажале јасно дека не би влегле во никаква комбинација, во никаква Влада во која се луѓе инкриминирани и за кои се започнати постапки од СЈО, или кон кои би се покренале постапки. За нас во иста позиција се и Ахмети и Груевски“

Тој го повтори ставот на неговата политичка партија за Специјалното јавно обвинителство, но и за тоа дека државните институции од јавна и државна безбедност треба да ги штитат граѓаните без разлика на верска и етничка припадност, наместо да креираат случаи против нив.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави