fbpx
20.8 C
Skopje

Претседателот на ГДУ оствари средба со ректорот на Универзитетот за Национално и световно стопанство, Стати Статев (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Денеска имав чест да бидам домаќин на ректорот на Универзитетот за Национално и световно стопанство – УНСС, проф.д-р на економските науки, Стати Статев. На средбата разговаравме за можностите за соработка помеѓу универзитетите во Македонија и Бугарија, можноста за размената на студенти и искуствата поврзани со европските проекти изработени од УНСС во сферата на образованието.
Ја изразив мојата благодарност за можноста студентите од Македонија да го стекнат своето образование во оваа авторитетна образовна институција, како и за понуденото искуство во сферата на европските проекти наменети за образованието. Професорот Статев се заблагодари за можноста да разговараме и ја изрази својата подготвеност да помогне во реализација на подлабока соработка помеѓу образовните институции на Република Бугарија и Република Македонија.

 

ФОТО

ФОТО

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -