На претседателските избори во Хрватска кандидатот на СДП Зоран Милановиќ води со 29,99 отсто од гласовите, додека на второ место е актуелната претседателка и кандидат на ХДЗ Колинда Грабар Китаровиќ со освоени 27,31 отсто.
Судејќи според првичните неофицијални резултати на Хрватската Државна изборна комисија, тие заминуваат во вториот круг од изборите.
На трето место е Мирослав Шкоро со 23,85 отсто од гласовите.
Денешните претседателски избори, седми откако Хрватска е самостојна држава, ги следат 24,270 набљудувачи, пренесува Танјуг.
Освен во Хрватска, се гласа во уште 47 држави, а заради временските разлики со дијаспората некои од нив почнаа да гласаат уште синоќа.