12 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Презентација на Лек Биокамп 2020 и работилница за меки вештини

Лек Биокамп 2020 е одлична можност да бидете дел од динамично и професионално опкружување во коешто ќе ги развиете вашите знаења и способности. За време на овој тридневен настан ќе ви бидат достапни клучни експерти од Lek Ljubljana, Sandoz Global и Novartis.

Сакате да дознаете повеќе за овој настан? Дојдете на 24ти декември во 11 часот во предавална 3 на Фармацевтски факултет! Како дел од активностите на Центарот за кариера при Фармацевтскиот факултет во Скопје, ќе се одржат два настани:

1. Презентација на Лек Биокамп и пријавување во база на таленти

Со почеток во 11:00 часот ќе се одржи презентација за кариерни и научно-истражувачки можности за студентите на Фармацевтскиот факултет, од страна на компанијата Lek Pharmaceuticals d.d. член на групацијата Sandoz (www.lek.si/en).
Целта на оваа презентација ќе биде претставување на компанијата и можностите за идна кариера и научно-истражувачка работа што ги нуди за студентите на Фармацевтскиот факултет.
Дополнително, на презентацијата ќе биде промовиран претстојниот Биокамп 2020, кој ќе се одржи помеѓу 24-26 мај 2020, во Љубљана, Словенија, а на кој учество можат да земат сите студенти од нашиот факултет (https://www.lek.si/en/careers/biocamp).
Оваа година Биокампот го слави своето јубилејно 10. издание и вклучува повеќе новитети.
Затоа, со задоволство ги очекуваме заинтересираните студенти, кои овој пат ќе имаат можност да се пријават во интерната база на таленти.
Презентацијата ќе трае 40 минути, а говорник ќе биде м-р фарм. Огнен Јакасановски, Scientist Pharmaceutical Development, Lek d.d., член на групацијата Sandoz.

2. Работилница за меки вештини

Со почеток во 12:00 часот ќе се одржи работилница на тема:
Кои се вештините на иднината?
Како да подготвам CV и мотивациско писмо?
Како да го преживеам првото интервју за работа?
Работилницата ќе трае 60 минути.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.