29 C
Skopje

Презентирани смс пораките кои ги имале Боки 13 и Зоран Заев: Те молам да се видиме

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Обвинетиот во Рекет Бојан Јовановски имал смс пораки и со екс премиерот Зоран Заев.

Во денешното презентирање на доказите обвинителката Ивана Трајчева презентирајќи ја комуникацијата, направена преку мрежата Вотсап, покажа пораки што Јовановски ги испраќал до својата мајка, во кои ја известува за својата комуникација со Заев.

На 16.4.2019 Јовановски на својата мајка Јасминка ѝ испраќал скриншотови од комуникација со Заев направена кон крајот на февруари. Во пораките тој му пишува на Заев дека никогаш не го злоупотребил неговото име, го моли да размисли, му вели дека му е другар и пријател и бара од него да го прими на средба.

„Никогаш не сум го злоупотребил вашето име, да размислиш и да ми кажеш, другар сум ти и пријател, и те молам да се видиме“, напишал Боки.

Во една од пораките презентирани преку скриншотови што Јовановски ѝ ги испратил на мајка си се гледа дека лице меморирано како „Зоран Заев“ му испраќа порака со содржина: „Боки, ги видов доказите, згрозен сум, јас сум претседател на влада и должен сум да го заштитам правото и правната држава.“

По ова според доказите што беа презентирани денес, Јовановски повторно го моли Заев да го прими на средба, му укажува повторно дека не го злоупотребил ниту него ниту неговото име, му вели дека за сè што знаел прво го известувал него, дека не се служел со никакви дворски игри и дека бара да се сретнат.

Во нова порака лицето запишано како Заев му вели на Јовановски дека е огорчен од тоа што се случува, дека е пред сериозни одлуки, дека ги видел доказите и дека „тоа е чист рекет“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Борец го победи Вардар и во Велес ги однесе првите три бода во новата сезона

Под посебни услови и во согласност со сите здравствените протоколи и пред празни трибини започна новата сезона 2020/2021 во ПМФЛ. Пред стадионот на југоисточниот...
- Advertisement -