Huawei очекува 42 % раст на приходите од бизнисот со кориснички производи во текот на изминатата 2016 година. Прелиминарните податоци покажуваат приходи во износ од 178 милијарди кинески јуани, со што компанијата ќе го зацврсти својот стабилен раст за петта година по ред, пренесе „TechNews“.
Испораката на смартфони достигна 139 милиони бројки, со 29 % раст на годишна основа, соопшти официјално „Huawei Consumer Business Group“.
Според „IDC“, растот на глобалниот извоз на смартфони е само 0,6 % во текот на 2016 година.
„И покрај тешките услови на пазарот, „Huaweii“ продолжува да расте со водечко темпо во индустријата. Ова е како резултат на нашиот ориентиран пристап кон создавање на вредни иновации, како и на нашата долгорочна посветеност во создавањето на еден уникатен и препознатлив бренд“, истакна извршниот директор на „Huawei“, Ричард Ју.
Во 2017 година компанијата ќе ја засили мрежата за снабдување, дистрибутивните канали, истражувачката и развојната дејност, услуги и други аспекти од бизнисот.