fbpx
6 C
Skopje

„Пријателство“ трасиран за Коѕијас: Поставени новите табли долж автопатот кој се викаше „Александар Македонски“

АКТУЕЛНО

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

СДСМ и функционерите застануваат зад премиерот Зоран Заев: Бранко е историја

Искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ. Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи,...

Телевизија Алфа објавува дека на местото на тргнатиот споменик на Александар Македонски од внатрешноста на аеродромот остана да сведочи само црниот постамент, а се чекаат и буквите кои треба да стојат на главната терминална зграда на преименуваниот Меѓународен Аеродром Скопје.

Желбата на Коѕијас да биде првиот функционер кој од Атина би дошол во Скопје на веќе преименуваните аеродром и автопат се исполнува. Останува шефот на грчката дипломатија да реши како сака да патува кон Скопје. Денес се поставени новите табли со новото име на автопатот „Пријателство“. И Скопскиот аеродром е подготвен за слетување на авионот на грчкиот министер за надворешни работи.

Телевизија Алфа објавува дека на местото на тргнатиот споменик на Александар Македонски од внатрешноста на аеродромот остана да сведочи само црниот постамент, а се чекаат и буквите кои треба да стојат на главната терминална зграда на преименуваниот Меѓународен Аеродром Скопје.

Се е подготвено за доаѓањето на грчкиот министер за надворешни работи и пакетот од 20 страници кој Коѕијас ќе го сервира во Скопје.

Јас претпоставувам дека министерот Никос Коѕијас очекува да биде подготвен аеродромот за слетувањето на авионот од Атина во Скопје. Се надевам дека ќе биде веројатно почетокот на идната недела, или во текот на идната недела, поради тоа што пред сè се работи за важна средба, кажа Заев.

Додека Коѕијас, се подготвува да слета во Скопје и тоа со државен авион, што би бил прв таков лет по 12 години, неговиот заменик Јанис Аманатидис, преименувањата ги коментира како „отстранување на симболите на иредентизмот“.

– Тоа се потези на добра волја и покажуваат дека постои политичка волја и покрај изјавите што се даваат, но мислам дека треба да се задржиме на суштината на преговорите, вели Аманатидис.

Сепак официјална Атина и покрај преименувањата и отстапките од македонска страна има големи барања за решавање на спорот. Грција и  не е така расположена како Македонската Влада за решавање на спорот и не се брза. Коѕијас неодамна порача дека е можно да се забрза процесот за негово решавање во март доколку Заев е покомпромисно расположен. За разлика од него премиерот Заев вчера од Бугарија порача дека е убеден во решавањето на деценискиот спор со Грција. Оптимистично најави дека не е на одмет спорот за името да се реши во март, во април Македонија да добие безусловна препорака а во јуни датум за преговори за членство во ЕУ, анализира Алфа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Убава вест: Државата започна со исплата од 11.000 денари до 14.000 денари за сите граѓани кои се во оваа категориј на пензионериа

Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите за ноември почнуваат да се исплаќаат од денеска, предвреме и етапно, со цел да се...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Спасовски: Развоен буџет за модерна полиција и достојни услови за полицајците и во 2021 година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го презентираше буџетот на Министерството за наредната година, посочувајќи притоа дека тој е развоен и дека ќе...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Писмo од Тито: Потврдувaaдека Бугарија учествувала во ослободувањето на Македонија

Во текст објавен на 360 степени се пренесуваат дел од писмата на Јосип Броз Тито кои тој во 1944 година ги испраќал до неговите...
- Advertisement -