fbpx
5 C
Skopje

Примил 2 различни вакцини а уште има проблем: Ме знаеа како музичар, а сега сум медицински феномен

АКТУЕЛНО

Слаѓан Антиќ Гера, Врањанац кој стана популарен во јавноста откако примил две различни вакцини против Ковид, вели дека сега добро се чувствува, иако после ревакцинацијата имал здравствени тегоби.

Антиќ е музичар, па и порано бил навикнат на јавност и популарност, но додава дека оваа врста на популарност сега е различна, во однос на онаа која ја имал пред да прими две различни вакцини.

Постојано ме бараат новинари и медиуми, луѓето на улица ме препознаваат, но сега за разлика од минатите години, не прво како музичар, туку како некој кој е медицински феномен. Во принцип, целиот свој живот сум по медиуми, поради работата која ја вршам, па во суштина ништо драстично не се променило во тој поглед. Гледам да бидам добар и тоа ми е приоритет. После случајот со различни вакцини, луѓето ме препознаваат во јавноста, што нормално не беше моја цел.

Првите десет дена не се чувствував добро, имав вртоглавица, главоболка и ладни раце. И сега имам проблем, но е далеку подобро од тоа како беше тогаш, вели Антиќ.

Тој додава дека како што сега стојат работите, нема намера да ги тужи надлежните кои направиле пропуст во неговата ваккцинација и ревкацинација.

Ако се биде како што треба, немам ниту желба, ниту волја да тужам некого. Добив ветување од локалната самоуправа и од градоначалникот дека ќе ми помогнат. Не ми е целта да некој остане без работа, но ако има некои несакани ефекти, очекувам помош. Што имам јас од тоа што ќе тужам некого, би требало да бидеме луѓе пред се, па после се друго, порачува Антиќ.

Како што вели тој неговиот најголем проблем во изминатиов период е што како музичар не може да работи, а со тоа значи и дека не може да заработи.

Ова ми е основниот приход, работата застана и да не се децата кои заработуваат ќе ни биде многу тешко, заклучи Антиќ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -