fbpx
17.8 C
Skopje

Принц Хари: Никој од мојата фамилија не сака да биде крал или кралица

АКТУЕЛНО

Британскиот принц Хари во ексклузивно интервју за американското списание Newsweek, вели дека никој од кралското семејство не би сакал да биде крал или кралица, но тоа треба да се случи на некој од членовите заради „заедничкото добро“.

Помалиот брат на принцот Вилијам и син на британскиот престолонаследник принцот Чарлс се сеќава на денот на погребот на мајка си – принцезата Дијана на 6 септември 1997-та, кога е само на 12 години, а морал да оди по нејзиниот ковчег. Принцезата Дајана загина 7 дена порано во сообраќајна несреќа во Париз. Таа го загуби животот на само 36 години.

„Мајка ми токму беше почината, а јас морав да одам долго зад нејзиниот ковчег, опкружен од илјадници луѓе кои ме гледаа додека милиони го правеа истото на телевизија“, се сеќава принцот Хари во разговорот со Анџела Левин од Newsweek и додава: „не мислам дека  дете треба да биде присилено да го прави тоа, без разлика за какви околности се работи. не мислам дека такво нешто би се случило денес“.

Принцот Хари признава дека смртта на мајка му, му се одразила лошо и го мачела со децении. Тој пушел и пиел премногу алкохол.

 

Хари долго време беше прифаќан како „црната овца“ во кралското семејство. Принцот 10 години служеше во армијата и извршуваше мисии, вклучително и во Авганистан. Денес тој е меѓу најпознатите кралски наследници во светот, но вели за списанието дека неговиот единствен стремеж е да биде „нешто друго освен Принцот Хари“.

 

Смртта на мајка му предизвикала „тотален хаос“ во неговиот живот и тој бил на неколку пати „многу блиску“ до психички колапс. По совет на својот брат Вилијам, тој прибегнува кон психолошка помош.

Според него, тој успеал да излезе од депресијата, започнал е „да ги слуша луѓето“ и е решен да ја искористи својата позиција во општеството „за добро“.

„Сакам да се занимавам со добротворна работа, да се среќавам со луѓе. Да ги забавувам тие околу мене“, вели тој.

„Понекогаш се чувствувам дека живеам во златен кафез, но сега се справувам подобро со животот“.

Да живее „обичен живот“ е „приоритет број еден“ за Хари, признава тој.

„Мајка ми имаше голема улога за тоа да ми го покаже обичниот живот. Му благодарам на Бог, дека не сум целосно одвоен од реалноста. Луѓето ќе бидат воодушевени, ако дознаат колку обичен живот водиме со  брат ми Вилијам. Јас одам сам до продавница. Понекогаш се плашам дека некој ќе ме снима, но сум решен да имам релативно нормален живот и ако сум доволно среќен да имам деца, кои ќе имаат истото “.

„Дури и да станам крал, повторно ќе одам сам до продавница“, вели тој.

Девојка на Хари Меган Маркл е позната актерка, таа е разведена, феминистка и Американка – ниту една од работите не се врзува со стереотипот на кралскиот двор.

Според зборовите на Хари, тој, Вилијам и Кејт се решени „да ја креираат монархијата во 21 век“.

„Монархијата е сила на доброто“, вели тој. „Ние сакаме да ја продолжиме позитивната атмосфера со која кралицата владее веќе 60 години“.

„Ние сме посветени на модернизацијата на Британската монархија. Тоа не го правиме за себе, туку за доброто на нашиот народ … Дали има некој од нашето кралско семејство кој да сака да биде крал или кралица? Не мислам, но ние треба да ги вршиме тие обврски, кога ќе дојде денот за тоа“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -