fbpx
11.8 C
Skopje

Пристигнува голема промена на времето – се очекува и снег, температурите ќе паднат на 15 степени

АКТУЕЛНО

Во петок и сабота на Балканот се очекува заладување, пишуваат медиумите од регионот.

Во сабота температурите ќе бидат за 15 степени пониски од петокот.

Во понеделник ќе следи ново заладување и пад на температурите.

Идната недела ќе ги има првите минусни температури на Балканот, а можно е да падне и снег на височина над 1400 метри.

Силен антициклон кој веќе подолго време одржува стабилно и суво време следните денови постепено ќе слабее, а низ средна и северна Европа во петок и сабота ќе помине студен фронт кој ќе донесе освежување, пишува порталот неверин.хр.

Овој портал најавува дека на подрачјето на Балкан во среда, четврток и петок ќе преовладува претежно сончево и топло време, со ретки случаи на врнежи.

Студениот фронт поврзан со циклонот на северот на Европа во саботата ќе ги зафати нашите краишта. Така во сабота не очекува посилно наоблачување од северозапад, врнежи и грмежи со нагло паѓање на температурите на воздухот, особено на северот и западот. Во саботата температурите на воздухот на Балканот ќе бидат пониски и за 15 степени во однос на петок, па во попладневните часови ќе се движат од 10 до 15 Целзиусови степени.

Времето веќе во вториот дел од саботата од запад ќе се смирува, а неделата повторно ќе донесе сончево време со благ пораст на дневните температури.

Меѓутоа, понеделникот ќе биде во знак на доаѓање на нова, уште по изразена промена на времето. Не очекува ново наоблачување со дожд и повторен пад на температурите.

-Студениот воздух ќе продре подлабоко на европскиот југ и југоисток. Со оглед дека до тогаш има уште 3 до 4 дена, деталните прогнози треба се уште да се земаат со резерва“, наведува Неверин.хр.
Промената на времето на почетокот на следната недела ќе донесе значително посвеж воздух од северот на европскиот континент. така што во текот на идната недела во планините ќе ги измериме и првите „минуси“. Иако се уште е далеку за прогноза за врнежи, во случај на подолго задржување на студениот фронт можен и прв снег во висини над 1400 метри.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -