fbpx
24.8 C
Skopje

Продолжува хоророт на Скопјани: Кучињата скитници нападнаа уште три жртви – ќе реагира ли некој?

АКТУЕЛНО

Продолжува хоророт со кој се соочуваат Скопјани, кучињата скитници често напаѓаат, а во вторникот се регистирани само вакви три напади, пријавени во полициска станица.

Во 01.50 часот во Полициска станица Центар, 22-годишник од Скопје пријавил дека на во вторникот вечерта околу 23,30 часот на улицата „Пролет” бил нападнат и каснат од куче скитник и бил каснат во пределот на левата нога.

Минатата ноќ околу 20,20 часот во Полициска станица Гази Баба, 54-годишен скопјанец пријавил дека околу 18.50 часот на улицата „Пехчевска” бил нападнат и каснат од куче скитник во десната подколеница.

Претходно во вторникот во 11,30 часот во Полициската станица Гази Баба, 58-годишен жител на Скопје пријави дека во саботата околу 20 часот на улицата „Благоја Стевковски“ бил нападнат од куче скитник кое го каснало за левата нога.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -