fbpx
3 C
Skopje

Проф Д-р Рафајловски, член на УК на ГДУ е назначен за раководител на проект финансиран од Германија

АКТУЕЛНО

„Членот на Управувачкиот комитет на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, проф. д-р Горан Рафајловски, професор на SRH универзитетот за применети науки – Берлин катедра за енергетика, поранешен амбасадор на Република Македонија во Германија, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии, деновиве се сретна со својот стар и добар пријател Јоханес Селе, член на германскиот Бундестаг, од редовите на Христијанскодемократската унија на Германија (CDU).

Двајцата политичари разговараа за проект, којшто треба да почне со реализација во јануари 2020 г. Проектот се вика „Дијалог Исток-Запад помеѓу високообразовните институции за заеднички вредности и одржлив развој“-DAAD.

Проектот ќе се реализира со поддршка на Министерството за надворешни работи на Германија и ќе ги опфати С. Македонија, Албанија и Германија, со цел унапредување на демократските процеси и соработка меѓу високообразовните институции на овие земји. Еден од основните приоритети е јакнењето на цивилното општество, што ќе придонесе за образување на интегративните процеси на С. Македонија и Албанија во ЕУ.

За раководител на проектот е назначен токму проф.д-р Горан Рафајловски, член на УК на ГДУ“, се вели во соопштението на политичката партија ГДУ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -