fbpx
25.8 C
Skopje

Професор минува по 8 километри секој ден, да им достави бесплатени оброци на своите ученици во карантин

АКТУЕЛНО

Британецот Зејн Пауелс, наставник во основно училиште во градот Гримсби, дојде до уникатно решение, за неговите ученици и натаму да можат да добијат бесплатни училишни оброци за време на пандемијата на коронавирус.

Пауелс пашачи по осум километри секој ден, носејќи ранци полни со храна и домашни работи за најмалку 78 учениц. Ранци тежат повеќе од 18 килограми, но наставникот вели дека ништо не е тешко за благосостојбата на децата.

Ја остава храната на прагот, тропа на вратата и потоа чека подалеку додека не биде сигурен дека семејството ја презело пратката.

Според Здружението за ризични деца , 34 проценти од децата во Гримсби живеат во сиромаштија.

“Семејствата се благодарни за овој гест. Родителите и децата излегуваат низ прозорец и ме поздравуваат, а некои дури сакаат да разговараат со мене. Понекогаш мислам дека сум единствената возрасна личност со која можат да зборуваат деновиве”, изјави Паулс.

“Многу семејства живеат во страв. Тие се плашат да ги пуштат своите деца надвор од куќата, па дури и се плашат да одат во продавница. Затоа сум многу среќен зашто знам дека им помагам”, додаде тој, велејќи дека мислел дека им дава на своите ученици секојдневно чувство на нормалност како пред изолацијата, кога нормално било да го гледаат секој ден.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -