fbpx
10.8 C
Skopje

Прогласена вонредна состојба во областа Псахни на островот Евиа

АКТУЕЛНО

Генералниот секретар за цивилна заштита Јанис Тафилис прогласи вонредна состојба во областа Псахни на островот Евиа. Пожарот кој избувна вчера, денеска е ставен под контрола.

Регионалниот управник на Евиа, Костас Бакојани соопшти дека „повеќе не постојат активни фронтови на пожарот“ и дека тој е целосно под контрола.

Поради пожарот што избувна во централниот дел на грчкиот остров Евија, беше спроведена евакуација на околу 500 лица од две села и еден манастир.

До претпладенво беше затворен и дел од главниот пат што минува низ островот, а со цел да овозможат побрзо заминување на оние што сакаат да ја напуштат Евиа, властите наредија траект линиите кон Атина да сообраќат во текот на целата мината ноќ.

Пожарот на Евиа, остров што се наоѓа на околу 70 километри северно од Атина, зафати голема површина под борова шума и брзо се прошири потпомогнат од силниот ветер.

Во гаснењето на пожарот учествуваа 186 пожарникари со 62 противпожарни возила, 240 војници, како и авиони и хеликоптери.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -