fbpx
36.8 C
Skopje

Промените на „iPhone“ во 2017 година ќе ги разочараат најголемите фанови

АКТУЕЛНО

Со крајот на 2016 година, фановите на „Apple“ и телефоните „iPhone“ со нетрпение ги очекуваат новите промени на производите кои би требало да излезат во новата година. Најочекувана промена е тоа што уредите треба да бидат 5 инчни, со тоа што камерата ќе биде и вертикална.

Сепак, според Мак Отакара од Јапонија, „Apple“ нема да прави радикални промени, па следната година ќе ги претстави „iPhone 7S“ и „iPhone 7S+“ кои ќе бидат речиси идентично со овогодинешните модели.

И покрај тоа што во голбала ќе бидат идентични, ќе постојат и мали промени, а како главна се наведува промената на големината на екранот, кој од 4,7 ќе скокне на 5 инчи.

Со сето ова, камерата наместо хоризонтално како до сега, би требало да биде поставена вертикално. Не е исклучена можноста ниту „Apple“ во новата година да извади и трет производ, што ќе биде огромно изненадување на пазарот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -