Се враќал од продавница, кога на паркингот до автомобилот забележал туѓ новчаник. Веднаш покажал дека е добар човек, со потегот кој го направил.




Џастин Тарел е студент кој напорно работи во една фабрика во градот Гринсборо, САД. Иако нема многу пари, тогај ниту во еден момент не помислил да стори нешто друго.




Младичот почекал да види дали сопственикот на изгубениот новчаник ќе се врати на истото место и да го побара загубеното, но поминало доста време, а никој не се вратил. Џастин одлучил да го отвори новчаникот и да види на кому му припаѓа.




Сопственикот живеел само 10-тина минути од супермаркетот каде бил пронајден новчаникот, па отишол да го врати, не очекувајќи никаква награда за тоа. Едноставно сакал да помогне