Денес, повеќе невладини организации, со почеток во 15:00 часот започнаа протестен марш за поддршка на жените од ”Јавна соба”.




Тие, исто така, протестираа и за сите жртви на родово засновано насилство.
Дел од пораките беа упатени кон МВР И ОЈО, за како што велат да ги поттикнат да ги казнат сите учесници во ”Јавна соба” во најбрз можен рок.
Тие побараа од ЈО неодложно и темелно да го расчисти случајот, кој претставува кривично дело во кое огромен број на жени и девојки беа жртви.




Според нив, со овој случај им се пружи шанса на институциите да покажат дали и во пракса се грижат и залагаат за женските права, а не само декларативно.




Учесниците беа облечени во црно, како знак на гнев и револт.