fbpx
6.8 C
Skopje

Противникот на Путин, Алексеј Навални, ќе остане во притвор 15 дена

АКТУЕЛНО

Лидерот на руската опозиција Алексеј Навални ќе остане во притвор 15 дена.

Oваа казна му ја пресуди судот во Москва, кој го прогласи за виновен по обвинение за непочитување на легитимните барања на полициските службеници при неговото апсење за време на неовластениот митинг во центарот на главниот град, соопштува во понеделникот ТАСС.

Навални, исто така, треба да плати парична казна во износ од 20 илјади рубљи (330 долари).

Околу илјада лица се приведени во неделата во Русија, во серијата протести против корупцијата во земјата.

Нивен организатор беше Навални, кој ги повика граѓаните да се вклучат во демонстрациите и покрај забраната на властите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -