fbpx
14 C
Skopje

Проверка на доказите, па потоа подготовка на одбраната на Заев

АКТУЕЛНО

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска со својот адвокат Ване Андреев се појави во Основното јавно обвинителство за да извршат увид во доказниот материјал од предметот со кој Заев, СДСМ и уште едно лице вработено во партијата се сомничат за злоупотреба при организирање изборна кампања.

Заев рече дека се дојдени да ја докажат својата невиност во врска со сомневањата за кои се товарат и дека по увидот во доказите ќе ја подготват својата одбрана.

“Прелиминарниот извештај за финансирањето на кампањата следува и има законски рок до кога се затвораат сметките, по што се даваат конечните извештаи за прибирањето и трошењето на средствата. Ние тоа го правиме транспарентно, опозиција сме долги години и го следиме словото на законот”, изјави Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -