fbpx
10.8 C
Skopje

Прв регионален бизнис натпревар во Белград, поддржан од Фондот за Западен Балкан

АКТУЕЛНО

Прв заеднички регионален настап на тројцата победници на проектот ЛИДЕР од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина
Скопје, 14.06.2018 – По успешно спроведените изданија на проектот ЛИДЕР и објавувањето на тројцата победници од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, наградените за првпат се стекнаа со можност за заедничко претставување на своите бизнис-идеи пред регионално и меѓународно жири, за време на Регионалниот бизнис натпревар, кој ќе се одржи во хотел Хилтон – Белград на 22-ри јуни, од 15:30 до 17:30 часот.
“Среќни сме што ги објавуваме победниците на проектот ЛИДЕР од трите регионални локации. Деветте победници – Валентина Чолиќ, Јована Станковиќ и Тамара Јевтовиќ од Србија; Олга Рајчиќ, Тодор Панев и Бојана Завкова од Македонија; како и Емина Захировиќ-Пинтариќ, Али Сајед и Срѓан Мајкиќ од Босна и Херцеговина, со нетрпение очекуваат да ги презентираат своите бизнис идеи, по добивање на континуирано менторство и поддршка и стекнување на сите потребни знаења за водење на успешен бизнис.”- информираат организаторите од трите регионални локации CANSEE (Канадско- српска бизнис асоцијација), Македонија2025 и Рестарт.
Првиот регионален бизнис натпревар е овозможен благодарение на проектот „Зајакнување на меѓународната соработка и врски во Западен Балкан преку контакт на млади претприемачи“, финансиран од Фондот за Западен Балкан, кој е основан со цел да се финансираат мали и средни проекти од областа на образованието, одржливиот развој и човековите права во земјите од Западен Балкан.
Вториот регионален бизнис натпревар ќе се одржи на 9-ти август во Сараево (Босна и Херцеговина), а победниците по трет пат ќе ги презентираат своите бизнис идеи во Скопје (Македонија) на 7-ми ноември, како дел од Самитот на Македонија2025.
Заедничките проектни активности секако ќе придонесат за зголемена видливост и регионална присутност на сите победници, дел од проектот ЛИДЕР.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -