fbpx
1 C
Skopje

Прва средба помеѓу Заев и Ципрас

АКТУЕЛНО

Д-р Сашко Николов: Бесплатни заштитни маски ако победам во Штип

Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за...

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре...

Јоци до Бранко: Вие сте одамна политички мртви, не ви давам да ја растурите Македонија

Другпат поубаво да ме читате кога ви кажувам предвреме кој е кој и што ќе се случува. Односно, дека ова што го прави ,,БЦ...

Додадете сода бикарбона додека варите јајца – причината ќе ве изненади

За секој проблем постои решение – би рекле многумина, и навистина е така барем кога станува збор за варењето јајца и неговото лупење. Се...

По засилената динамика за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција, полето на преговори за решение на спорот за името ќе се префрли и во Давос, каде што Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на Светскиот економски форум ќе ја имаат првата средба.

Изминатиов период и двајцата премиери даваа изјави во кои изразија оптимизам дека решението на спорот за името е можно уште во првата половина на оваа година.

Ципрас неодамна изјави дека смета оти годинава се отвoра прозорец на можности за решение и дека е потребно да се донесат одлуки. Според Ципрас, 2018 е важна година за Грција не само затоа што по цели осум години, конечно, излегува од меморандумите туку и поради тоа што истовремено се отвора еден важен прозорец на можност за решавање на името. „Убеден сум дека сега е дојдено време да ги донесеме неопходните одлуки за да ја оправдаме улогата на Грција како водечка сила на Балканот, но и како столб на стабилност во поширокиот регион“, рече Ципрас.

Во интервју за „Етнос“, пак, Ципрас наведува: „Повеќе од 25 години нашите соседи се признати како Република Македонија од многу земји во светот, а ние насекаде се бориме сите да ги нарекуваат ФИРОМ. Не е неразумно терминот Македонија да биде вклучен во новото име за земјата“.

Заев пред четири дена изјави дека верува оти помеѓу две земји, кои се пријатели и имаат намера да бидат уште поголеми пријатели, ќе се изнајде решение во кое ќе се сочува достоинството на двете страни и буквално ќе биде придобивка за иднината на граѓаните на двете земји.

„За суштината на предлозите, на разговорите, на рамката што е испорачана, не би требало јавно да зборуваме, да не ги уништиме шансите на преговорите. Гледате дека се води транспарентен процес, знаете дека сакаме со национален консензус да го изградиме решението на ова прашање и на крајот граѓаните на референдум да го потврдат. Јас сум убеден дека ако бидеме внимателни, ако водиме грижа дури и за грчката страна, а грчката страна да води грижа за нашата страна, верувам дека ќе се изнајде решение за ова прашање што веќе 25 години нè измачува, пред сè, нас, граѓаните на Република Македонија“, рече Заев во саботата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Вистинската љубов е над човечkите поделби и спротиставености

Епископ Партениј, Игумен Бигорски Во Стариот Завет, браќа, читаме како, кога како, кога Каин од завист го убил брата си Авел, Господ го запрашал каде...

Стојанче му свари кафе на Апасиев: Ќе слушаме убава, стара македонска музика со интересен текст

Во тек е процесот на подготовка на турско кафе за народниот пратеник, професорот Апасиев. Без шеќер со тоа што сигурно ќе преврие додека пишувам. Со кафето...

Еве какво време не очекува: Доаѓа снегот

Времето во земјава ќе биде умерено до значително облачно, претежно од попладне со повремен локален дожд. На планините во северозападните делови врнежите ќе бидат...

Д-р Сашко Николов: Бесплатни заштитни маски ако победам во Штип

Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за...

Декември ќе биде многу среќен за овие три хороскопски знаци: Розите ќе цветаат во име на љубовта

Среќата ќе ги придружува и во следната година во која тие ќе фантазираат, ќе визуелизираат и ќе размислуваат позитивно, а тоа пак ќе отвори...
- Advertisement -