fbpx
6.8 C
Skopje

Прва вакцина против маларија во три земји од 2018 година

АКТУЕЛНО

Првата вакцина во светот против маларија ќе биде воведена во три земји – Гана, Кенија и Малави, почнувајќи од 2018-та година. РТС,С вакцината го подготвува имунолошкиот систем да ги нападне маларичните паразити, кои се пренесуваат со каснување од комарец. Светската здравствена организација соопшти дека вакцината има потенцијал да спаси десетици илјади животи. Се уште не се знае дали ќе може вакцината да се употребува во сиромашните земји во светот.

Вакцината треба да се даде четири пати – еднаш месечно, три месеци по ред и четвртата доза 18 месеци подоцна.

Ова e постигнато по строго контролирани и добро финансирани клинички испитувања, но се уште не е јасно дали може да се направи и во “реалниот свет”, каде што пристапот до здравствена заштита е ограничен.

Тоа е причината зошто се одбрани само три земји да се види дали може да се започне целосната програма на вакцинација против маларија. Исто така, ќе продолжи да се проценува на безбедноста и ефикасноста на вакцинацијата

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -