fbpx
14 C
Skopje

Путин ја прими Марин ле Пен во Кремљ

АКТУЕЛНО

Лидерот на францускиот екстремно десничарски Национален фронт, Марин ле Пен, која е кандидат за претседател на Франција беше примена денеска во Кремљ од рускиот претседател Владимир Путин, јави ТАСС.

„Русија придава големо значење на односите со Франција, при што се стреми да одржува избалансирани дноси како со власта, така и со опозицијата“, рече Путин.

Во врска со претседателската кампања во Франција тој истакна дека Русија „на никаков начин не сака да влијае врз актуелните настани, но го задржува правото да комуницира со претставиците на сите политички сили во земјата“, рече Путин и појасни дека така се однесуваат и другите европски држави и САД.

Ле Пен му се заблагодари на Путин за средбата и нагласи дека меѓу Франција и Русија има длабоки културни, економски и стратешки врски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -