Рускиот претседател Владимир Путин изрази во вторник сомнежи во тоа дека новозибраниот американски претседател Доналд Трамп пред неколку години се забавувал со проститутки во Москва.
„Трамп дошол и веднаш се нашол со московските проститутки. Тој е возрасен човек и, покрај тоа, човек што со години организира натпревари во убавина. Се дружел со најубавите жени на светот“, рече Путин одговарајќи на новинарско прашање дали ги видел фотографиите и видео снимките на дружењето на Трамп со проститутки.
„Тешко можам да поверувам во тоа дека отишол во хотел да се сретне со нашите девојки со ‘слободно однесување’“, рекол Путин на заедничка конференција за новинарите со претседателот на Молдавија.