fbpx
28 C
Skopje

Путин смета дека НАТО сака да ја вовлече Русија во војна

АКТУЕЛНО

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека НАТО постојано се обидува неговата држава да ја вовлече во конфликти и војни, бидејќи северноатлантската алијанса често се меша за внатрешните прашања на државата.

Овој став Путин го пренел за време на состанокот со високи претставници на безбедносната служба ФСБ, каде било разговарано и за тоа дека веќе неколку години глобалната безбедност не напредува, а дел од заканите се посериозни.

„НАТО често се обидува да ја спречи Русија во дел од своите намери, воедно и да се меша во внатрешната политика на земјата. Факт е дека НАТО константно ја провоцира Русија, обидувајќи се да и наметне конфликт“, истакнал Путин.

Покрај излегањето на Путин, на состанокот збор земал и Николај Патрушев, кој порачал дека Русија има докази во кои голем број на држави и влијателни компании се вмешани во соработката со терористите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -