fbpx
23.8 C
Skopje

Работа од соништата, пријавете се: Заработете 13.000 евра лежејќи во кревет

АКТУЕЛНО

НАСА објави оглас на кој бара луѓе за работа, во кој личноста треба да помине во кревет 70 денови.

Агенцијата за таа услуга е подготвена да плати неверојатни 13.000 евра, а целта е истражување на положбата на астронаутите во безтежински простор.

Тие ќе го набљудуваат вработениот додека спие, но покрај спиењето личноста ќе треба и да се бања и да јаде на исто време во иста положба. Научниците собираат податоци и за крвниот притисок, работата на срцето, апсорција на витамини, колку енергија ќе потроши, па го следат дури и расположението.

Сето тоа ќе им помогне да сфатат како функционира животот во свемирот кога гравитацијата ги презема работите во свои раце, особено ако се планира луѓето наскоро да започнат да одат на Марс.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -