fbpx
1 C
Skopje

Работна посета на министерот за надворешни работи Никола Димитров на Соединетите Американски Држави

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Во рамките на работната посета на САД, вчера (вторник, 28 ноември 2017г.), министерот за надворешни работи на Република Македонија имаше значајни средби со високи претставници на американската администрација: Вес Мичел, помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот; Хојт Брајан Ји, заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот и Моли Монтгомери, специјален советник за Европа и Русија во канцеларијата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

МНР Димитров го запозна Вес Мичел со сеопфатните реформи во земјата за остварување на највисоките надворешнополитички стратешки цели – интеграцијата во НАТО и ЕУ. Притоа, тој ја нагласи одлучноста на Владата на Република Македонија за унапредување на односите со соседите со цел „заедно да создадеме европски Балкан“ (Димитров).

„Поддршката и помошта од искрените пријатели како САД се од исклучително значење за Македонија да биде успешна приказна.“ (Димитров).

Новоименуваниот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Вес Мичел, ја истакна принципиелната поддршка на САД кон реформските активности на Владата насочени, меѓу другото, кон повторно отворање на перспективите за што побрза интеграција на земјата во НАТО и ЕУ. Мичел нагласи дека САД остануваат силно посветени да помогнат во оваа насока.

Ја поздрави конструктивната надворешна политика на Владата на Република Македонија и решителноста за надминување на сите отворени прашања во односите со соседите. Тој исто така изрази благодарност за придонесот на Република Македонија во борбата против глобалниот тероризам.

Во тој контекст продолжија и разговорите на средбата со заменикот-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји. На интерес на соговорникот, министерот за надворешни работи Никола Димитров, детално информираше за реформите во правосудството, администрацијата, безбедносните и разузнавачките служби и за подобрените состојби во сферата на медиумите. Заменикот-помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот оцени дека Република Македонија повторно се движи во вистински правец и ја охрабри Владата да остане фокусирана на реформската агенда и да го искористи позитивниот моментум и евидентната поддршка од евро-атлантските пријатели.

„Имаме шанса да станеме 30-та членка на НАТО и решителни сме во намерата да не ја пропуштиме“ – рече МНР Димитров на средбата со специјалниот советник за Европа и Русија во канцеларијата на потпреседателот на САД, Моли Монтгомери со која исто така имаше можност да разговара за актуелните политички случувања во земјата. Монтгомери рече дека Балканот е високо на листата на приоритети на Белата Куќа, а Република Македонија е една од клучните земји за придвижување напред на целиот регион. МНР Димитров ја оцени како исклучително важна лидерската улога и ангажманот на потпретседателот на САД, Мајк Пенс во промовирање на евро-атлантската иднина на регионот, јасно изразена на неодамнешната средба во Црна Гора со лидерите во регионот.

МНР Димитров во Брукингс Институтот имаше средба со поранешниот заменик државен секретар Строуб Талбот, како и со претставници на македонската дијаспора во САД – Обединета македонска дијаспора и Форум за демократска Македонија.

На вториот ден (среда, 29 ноември) од работната посета на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров ќе учествува на конференцијата на Атлантскиот совет на САД насловена „Следната бура? Обликување на балканската иднина во ера на неизвесност“ во чии рамки ќе се обрати на панелот на тема „Голем ризик, голема награда: Справување со долготрајните политички предизвици на Балканот“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Германија воведе нови построги правила за влез

За земјите со особено голем број инфекции, меѓу кои е и нашата, или со опасни мутации – од недела важат построги правила за влез...

Несекојдневна сообракајka во Скопје: Велпсипедист преазил пешаk, па избегал

Во текот на вчерашниот ден во 14: 10 часот во Скопје на улица „50-та Дивизија“ велосипед управуван од засега непознато лице кое го напуштило...

Кои хороскопски знаци се најкомпатибилни?

Одредени карактеристики од хороскопските знаци ни кажуваат на кој начин ќе функционираат два знаци во една врска па затоа тие можат да бидат корисни...

Зeмјотрес во Aлбанија, почувствуван и во југозападниот дел на Македонија

Земјотрес со јачина од 3,1 степен, се случи попладнево во Албанија. Земјотресот се случил во 14:08 часот по локално време, а бил почувствуван и...

Сeстратa нa Тоше 14 години прави една иста работа на овој ден од овој детаљ на роденденската торта ќе ви надојдат солзи (Фoто)

Да беше жив денеска најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески ќе наполнеше 40 години. Како и секоја година ова е еден од двата најтажни денови...
- Advertisement -