24 C
Skopje

Работник му довикнува на Шилегов: Три месеци плата не ни дадовте – еве како реагираше скопскиот градоначалник

АКТУЕЛНО

„9 илјади денари плата. 3 месеци плата не ни дадовте, Шилегов. 3 месеци плата не ни дадовте. 3 месеци плата не ни дадовте“, вели еден од работниците кога денеска го сретна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во Чаир, објави ТВ 21.

Откако ги слушна Шилегов се поздрави со работниците, а тие му се пожалија дека не земале плата, а кога им е исплаќано земале 9 илјади плата.

– По закон не смее да ти плаќа помалку од 14 илјади, сега по новиот закон, рече Шилегов.

По кусо време на видеото се гледа како доаѓа градоначалникот на Чаир, на кого скопскиот градоначалник му се обрати со зборовите:

– Зошто им плаќаш 9.000 денари, плаќај им по закон 14 илјади.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Цаца Биљановска поднела приговор за казната од 10.000 евра, денеска се појави во суд

Поранешната директорка, а сега докторка на Кожната клиника, Нина Цаца Биљановска поднела приговор на предлогот на Обвинителството да биде казнета со 10 илјади евра...

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Тестот е со...

Се формираат регионални „Ковид – центри“ во 16 општини

Градоначалниците на 16 општини во земјава го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-центри“ во...
- Advertisement -