fbpx
14.8 C
Skopje

Рада Манојловиќ брзо го заборави Харис – Еве како изгледа новото момче

АКТУЕЛНО

За тоа дека дошол крај на врската меѓу Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ, се пишува од поодамна, но сега српските медиуми тврдат дека Рада не само што ставила точка на врската со колегата, туку дека има и ново момче.

„Не можат да ги усогласат обврските и плановите. Сè што ќе испланираат паѓа во вода и сè помалку се гледаат поради обврските. Од друга страна, Рада е бесна на Харис затоа што премноги ѝ се меша во работата. Ако продолжат вака, секој ќе продолжи по својот пат, и покрај тоа што премногу се сакаат“, вели другарка на пејачката Рада Манојловиќ.

Рада не сакала премногу да зборува за раскинувањето со Харис, но признала дека се расправаат затоа што премногу ѝ се меша во работата.

„И двајцата знаеме како ни е меѓу четири ѕида. Нашите расправии главно се сведуваат на работата. Тоа се расправии околу песните, спотовите, нешто за што имаме целосно поинакво мислење“, раскажала Рада.

„Постојано се си мешаме еден на друг во работата. Мораме еднаш да си кажеме ‘стоп, повеќе не ми се мешај во работата’“ – изјавила Рада, која врската со Харис ја почнала во 2016 година.

Како што објави српскиот таблоид „Свет“, рада неодамна била „уловена“ од папараците во душто на нејзининото наводно ново момче Душан Драча.

Душан од емисијата „Ексклузивно“ го снимија покрај базен како ужива сам, а во видеото може да ги погледнете и заедничките фотографии од насловната на „Свет“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -