fbpx
12.8 C
Skopje

Рама: Албанците беа користени како алиби во борбата за власт во Македонија

АКТУЕЛНО

Албанскиот премиер Еди Рама, смета дека албанците биле искористени како алиби на македонските политичари во нивната меѓусебна борба за власт.

„Ние имаме право да ги потсетиме нашите македонски соседи дека многу сакаме албанците кои не се малцинство, а се државотворен народ, да ги поседуваат истите слободи и права како македонците, рече Рама и додаде: „Ние сакаме една демократска и економски просперитетна Македонија, која ќе биде пример за хармонија меѓу соседите и ќе биде место каде што ниту еден Албанец нема да се чувствува како граѓанин од втора категорија“.

“Повторно повикувам за мир, трпение и за повеќе волја во овие тешки услови за да не се вклучиме во политички конфликт и да не дозволиме Албанците да бидат алиби за овој конфликт, бидејќи нашата огромна желба е Македонија да ја надмине оваа криза, која ескалира, каде за жал Албанците беа користени како алиби во борбата за власт “, рече Рама.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -