После целодневна тишина, по повод запирањето на возот, кој после 18 години тргна од Белград за Косовска Митровица, се огласи и албанскиот премиер Еди Рама.
Откако граѓаните преку социјалните мрежи побараа премиерот на Албанија да се изјасни по тоа прашање, Рама истакна дека нема потреба за грижа, за како што вели, политичките игри на возовите и авионите.
„Србите на Косово може да влезат само како туристи“, вели Рама.
Тој вели дека Косово после прогласувањето на независноста, успеало како „независна држава“, додека Белград сеуште страда од „кошмари од минатото“.
Рама смета дека овие кошмари ќе продолжат се додека Белград не го признае Косово како независна држава.
Претходно српскиот претседател Томислав Николиќ, ја повика ЕУ да одговори дали е точна изјавата на косовскиот премиер дека за запирање на возот косовските власти имале согласност од Унијата.