fbpx
26 C
Skopje

Раниери продолжува во Италија, заедно со Несторовски и Трајковски ќе се обидат да го спасат Палермо

АКТУЕЛНО

Италијанскиот калчолигаш Палермо се наоѓа во големи проблеми, во обидот да се избори за опстанок во Серија А, а вистинскиот спасител би можел да биде Клаудио Раниери.

По отказот кој го доби стратегот од Лестер, веќе има повеќе понуди на своја адреса, а досега најзаинтересиран е Палермо, кој направи промена во раководството и ќе започне да работи со поинаква стратегија.

Во тимот на Палермо со успех настапуваат Илија Несторовски и Александар Трајковски, особено Несторовски кој веќе има постигнато 10 голови и „сам“ го држи тимот со шанси за опстанок во Серија А.

Раниери веќе има работено во Италија, како стратег на Каљари и Фиорентина, а веројатно нема да му биде проблем да прифати богата понуда, но потоа ќе има и пеколна задача, да го спаси Палермо од испаѓање во Серија Б.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -