fbpx
10 C
Skopje

Расте црниот биланс: денес има најмногу заболени во рок од 24 часа – расте бројката и на хоспитализирани лица

АКТУЕЛНО

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 235, Куманово -114, Дебар – 49, Штип-19, Прилеп –33,Тетово – 29, Струга – 24, Велес – 10, Битола – 6,Охрид – 3, Кавадарци –2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 2, Радовиш -3,Крушево – 2, Кочани – 14

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -