fbpx
21 C
Skopje

Раул Гонзалес ги врати „искусните волци“ за двомечот со Исланд

АКТУЕЛНО

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес, ги вклучи најдобрите 28 ракометари во нашата земја за претстојниот квалификациски двомеч со Исланд, средби што се од клучно значење за пласманот на „црвено-жолтите“ на претстојниот европски шампионат во Хрватска.

Toј во репрезентацијата ги враќа искусните Борко Ристовски, Немања Прибак и Аце Јоновски.

Повикани ракометари за двомечот со Исланд:

Борко Ристовски (Барселона)

Мартин Томовски (Металург)

Кирил Колев (Пелистер)

Никола Митревски (Бенфика)

Даниел Ѓорѓески (Вардар Јуниор)

Немања Прибак (Бешикташ)

Жарко Пешевски (Металург)

Кирил Лазаров (Барселона) – капитен

Дејан Манасков (Рајн Некар Левен)

Гоце Ојлески (Одорхеи)

Гоце Георгиевски (ЦСМ Букурешт)

Стојанче Стоилов (Вардар)

Никола Марковски (Орошази)

Филип Лазаров (Темишвар)

Аце Јоновски (Бергишер)

Влатко Митков (Кремс)

Филип Талевски (Рајн Некар)

Филип Кузмановски (Металург)

Велко Маркоски (ППД Загреб)

Мартин Поповски (Вардар Јуниор)

Филип Миркуловски (Вецлар)

Марко Нелоски (Металург)

Мартин Велковски (Металург)

Никола Кoстески (Металург)

Горан Крстевски (Еурофарм Работник)

Дарко Димитревски (Борец)

Константин Петров (Металург)

Владо Недановски (Вардар Јуниор).

Гонзалес дополнително ќе го скрати списокот и ќе ги одреди играчите кои ќе треба да се појават на првиот ден од подготовките за Исланд. Инаку првиот натпревар од двомечот со Исланд ќе се игра на 4 мај во Скопје, а вториот дуел е закажан за 7 мај во Рејкјавик.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -