fbpx
5 C
Skopje

Раздорот во ДУИ почна да го зема својот данок: Падна првата оставка

АКТУЕЛНО

Во писмото, ексградоначалникот на Чаир вели: „Со намера да не создадам забуна кај ниту еден мој колега во Собранието, а воедно и да дадам простор за промовирање на моите ставови зад кои силно стојам, Ве известувам дека се повлекувам од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ“.

Сега екскоординаторот на пратеничката група на ДУИ, Меџити мошне ретко се појавуваше во парламентот во последните неколку месеци, додека собраниското мнозинство „кубури“ со кворум за одржување на пленарните седници.

Изминатиов период често се зборува за превирањата во ДУИ, главно конфликт меѓу струите во скопската организација на партијата и министри од оваа партија.

Изет Меџити веќе не е координатор на пратеничката група на ДУИ. За тоа тој денеска преку писмо го известил претседателот на Собранието, Талат Џафери дека се повлекува од функцијата.

Извор: ,,360 степени”

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -