-2 C
Skopje

Реагираше и сопругата на Миле Јанакиески: Ова е срамно

АКТУЕЛНО

Како ви се допаѓа новиот изглед на скопската стара чаршија?

Неодамна, Општина Чаир го заврши проектот за Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир, во рамките на Проектот за Локална и Регионална Конкуренција (ПЛРК)...

Николовски: Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ

На денешната прес конференција во Штип генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски го претстави кандидатот на СДСМ за предвремените локални избори, Др. Сашко Николов. „Штипјани...

Д-р Сашко Николов : Солидарноста, професионалноста и работа за сите граѓани подеднаkво е мое мото, моја заклетва пред вас.

Важно е Штип да избере градоначалник, легитимен со мандат од вас граѓаните. Штипјани заслужуваат реализација на проектите кои ги набројав сега, но и на...

Словенците за само 10 дена успеаа да адаптираат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитети во Љубљана

За само десет дена, градежниците успеаја да прилагодат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитет на недовршениот објект на Дијагностичко-терапевтската служба на Универзитетскиот медицински...

Ги читам сите медиумски написи кои произлегуваат од конструкциите дека Миле наводно планирал бегство од државата и не можам да се воздржам, а да не кажам дека е срамно и недостоинствено, реагираше денеска Сања Јанакиески, сопругата на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

-Повеќе од две години Миле е жртва на јавен линч, а со него и ние како семејство. Секојдневно имаме трауми од континуираните напади и обвинувања. Тоа што го преживеавме овие две години не би му го посакала никому. Миле веќе беше прогласен за виновен уште пред да биде покренато обвинение и да се појави на суд, а знам дека не сторил ништо надвор од законот – вели сопругата на Јанакиески.

Фото

Таа додава дека врв на целата оваа хајка се случил утрово кога полицијата дојде да го спроведе во Истражниот затвор.

-Миле ниту имаше намера, ниту планираше да бега. Од кого да бега и зошто да бега ? Две години Миле редовно се јавуваше и одговараше на секое барање и наредба од судот или обвинителството. Миле не бегаше затоа што е уверен дека е неправедно гонет и дека тоа ќе се докаже во судска постапка. Доколку не пред нашите судови, тогаш пред меѓународните. Вчера со Миле седевме и разговаравме околу последните случувања. Миле знаеше дека одлуката на Груевски, лошо ќе се одрази врз останатите кои се гонат од СЈО, колку и да е тоа неправедно. Затоа и излезе со изјава за медиуми во која изрази несогласување со постапката на Груевски колку и да е таа лична – вели таа.

Таа додава дека без разлика на сѐ, Миле не планирал да си замине.

-Синоќа се договаравме за претстојниот именден на нашите два сина Михаил кој има 7,5 години и Ангел кој има 5,5 години. Правевме и список на гости кои ќе ги поканиме на семејната слаба на 21 ноември Св. Архангел Михаил. Најголема радост на Миле му бeа ваквите семејни собирања. Тој никогаш не би го напуштил домот и семејството и навистина е апсурдно и барањето за притвор и образложението на судот. Образложението кое што го добивме се базира на една службена белешка од МВР и ништо повеќе од тоа. Заради таа службена белешка која си ја толкуваат како намера за бегство сега и Михаил и Ангел и Александар и јас треба да останеме сами и да се бориме со стигмата што некој сака да ни ја налепи. Ова не е правда и ние ќе се бориме да го докажеме тоа. Со вакви конструкции никој нема да ја смени нашата слика за Миле, а ни сликата што ја имаат за него сите што го познаваат. Им благодарам на сите пријатели за помошта што ни ја понудија денеска. Господ е со нас – вели Јанакиески.

Извор: Курир

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Реакција од ВМРО НП: Се повеќе изјавите и настапите на Филип Петровски наликуваат на Македонски народни приказни

Изјавите на политичарот и аналитичарот во обид Филип Петровски во емисијата ‚‚Во Центар‚‚ кај Васко Ефтов и директните обвинувања кон лидерот на ВМРО-Народна партија...

Вистински пример: Градоначалникот на Прилеп го замени оделото и фотељата со скафандер и бел мантил

Градоначалник за пример! Човек, лекар, хуманист кој на многу доктори-политичари, пратеници и функционери им покажува како вистински се сака својот народ Работам се што треба...

Нанесете го ова на темото и косата побрзо ќе ви расте – нема да се покаете

Изгледа е вистина дека сокот од кромид може да се користи за спречување на опаѓањето на косата. Многу шампони и тоници за коса, содржат...

Во Македонијава наша експерти за корона станаа сите маалски „фраери“ кои чекаат пари од тато и мама за да се напијат едно кафе со...

Со години живеам надвор од Македонија. Сум живеел во Словенија, сум живеел во Канада, а сега живеам во Швајцарија. Во сите држави во кои...

Наставник купил лажна дијагноза за да биде подолго на одмор, следувало нешто незамисливо

Еден наставник по англиски јазик идентификуван само како г-дин Ду, кој работи во приватно училиште во Внатрешна Монголија, бил принуден јавно да се извини...
- Advertisement -