12 C
Skopje

Реакцијата за Радмила е нормална, но не и од тие кои поставија министер за одбрана кој бил поранешен командант на ОНА

АКТУЕЛНО

Најмалку од се би да ја бранам Радмила Шекеринска. И со право може да се изрази револт за сликата. Можела да се слика надвор или пак во истата просторија, но не со позадина на која стои УЧК. Оправдана е реакцијата, но само од граѓаните. Но, не може и не смее пратеници кои гласаа за амнестија на спорните Хашки случаи од 2001 во македонското Собрание, и чија партија го назначи командантот на УЧК за прв човек односно министер на одбраната, денес да зборува дека е загрижена за чувствата на македонците. Не другари, вие сте бетер.

Радмила се сликала со симболот, а Вие го назначивте за министер за одбрана човекот кој е еден од предводниците на тој симбол од 2001 година. Жално е што и едните и другите дозволивте во сопствената татковина да се однесуваме како гости односно граѓани од втор ред, па дури и самите Вие, функционерите. Еве ова е класичен пример за тоа. Рада можела да каже извинете но би сакала да се сликаме надвор или на др страна. Сепак не доликува овде да стои симболот на УЧК. Но, дали од почит кон домаќинот не го направила тоа. Домаќинот пак како “добар“ граѓанин на оваа држава веројатно „случајно“ го ставил симболот таму. Но нејсе. Она што сакам да ви го кажам загрижени патриоти е дека никој не ни е виновен, туку ние самите сме си виновни. Зарем треба да ве потсетам на зборовите на Јанкулоска и Ставревски кои од тогашните објавени разговори велат дека не сакаат да се појават на гласање за хашките случаи. А знаеме добро кој беше шеф тогаш нели? Тогаш не беше Рада, туку пријателот од Будимпешта.

Зошто го кажувам ова? Едноставно е. И едните и другите се поставивме како „гости“ во сопствената татковина. Едните почнаа, другите за жал продолжија. И секако тука се неколкуте поединци кои наместо да тераат соживот, они тераат национализам кај албанското гласачко тело. Пример за тоа е пријателов од Кичево кој ниту помалку ниту повеќе си држи симбол на УЧК во својата општинска канцеларија.

Пишува: Љупчо Ц.

Поглед се оградува од ставовите на авторот на текстот

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Јанчев открива: Сакав да ја продадеме Белата палата, наши гласачи живеат со по две евра на ден

Како Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ предложив да ја продадеме Белата палата. Не може да бидеме народна партија во држава каде што дел од народот...

Trump: I voted for a guy named Trump

US President Donald Trump Voted for the 2020 Presidential Election at a Florida Library He exercised his right to vote in a library in West...

Две до три недели државен карантин за спречување на есенскиот бран на коронавирусот вели Д-р Драган Даниловски

Карантин во траење од две до три недели би го спречил есенскиот бран на коронавирусот, но би довел до социјална и економска катастрофа, ќе...
- Advertisement -