fbpx
22.8 C
Skopje

Република: Порталот “Сакам да кажам” свесно ги извртува муабетите од снимките за да се оцрнуваат луѓе

АКТУЕЛНО

За време на првиот круг од локалните избори на 24 март 2013, обвинетиот во „Титаник“ на СЈО Мартин Протоѓер му се јавува на тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Љупчо Тодоровски, бидејќи како што вели, „Сашо спие“, и му вели дека треба да се викне директорот на Комуналното претпријатие на Охрид, се слушна во разговорот од бомбиуте што се емитуваат во денешното судско рочиште – ова го објави порталот Сакам да кажам, пренесувајќи информација од снимените разговори кои се емитуваат на судските рочишта во Кривичниот суд во Скопје.

Намерно или не, во неколку наврти порталот погрешно ги пренесува снимените разговори, притоа додавајќи работи кои или не се кажани или виднозименети од првчно слушнатото во судницата, се со цел да се прикажат во контекст кој ќе значи дискредитација на посочените.

Во денешниот опис од разговор како наводно поранешниот шеф на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протоѓер во телефонски разговор со директорот на БЈБ кажува дека директорот на Комуналец во Охрид мора да носи Роми да гласаат.

Целокупниот разговор е неточно пренесен бидејќи во истиот разговор пуштен во судницата Портоѓер изразува загриженост дека директорот на Комуналец, кој е кадар на СДСМ, и актуелниот градоначалник Петрески присилува Роми да гласаат за него.

Нелогично е во пренесената вест на СДК Протоѓер да му наредува на директорот на Комуналец некој да гласа бидејќи тој всушност и не е од неговата партија туку од СДСМ. Дали целта со погрешно пренесените разговори да се врши намерно дискредитирање на некои личности?!

Извор: Република

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -