fbpx
11.8 C
Skopje

Република: Разрешен е Петар Богојески, замени ген-сек на ВМРО-ДПМНЕ

АКТУЕЛНО

Синоќа се одржа Извршниот Комитет на најголемата опозициска партија, на кој се расправаше за следните чекори на партијата, по јавното барање на владеачката партија СДСМ за предвремени пшарламентарни избори.

Порталот Република информира дека на состанокот е разрешен “реформаторот” Петар Богојески, од функцијата заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката ја донел Извршниот комитет на партијата, а Богојески е сменет поради, како што посочуваат, непрофесионално вршење на должноста, несовесно извршување на задолженијата и повреда на партиските начела. Тој останува член на ВМРО-ДПМНЕ.

По состанокот, од ВМРО-ДПМНЕ ги повторија своите барања, при евентуални предвремени избори да се почитува Пржинскиот договор, односно, сто дена пред изборите да се формира “Пржинска влада” и да се избере Јавен обвинител по предлох на опозицијата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -