7 C
Skopje

Република Северна Македонија на лажговци

АКТУЕЛНО

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...

Костадинов: 470 милиони рвра изнесува четвртиот пакет антикризни мерки за граѓаните

Ребалансот на Буџетот за 2020 година обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани, но и за компаниите погодени од коронакризата, изјави...

Нашата мила Македонија! Онаа која требаше да ја градиме, чуваме, негуваме, развиваме!

Онаа Македонија во која се родивме, растевме, пораснавме, добивме синови и ќерки, внуци!

Онаа Македонија во која се дружевме и од која имаме многу убави спомени!

Онаа Македонија ја уништивме! Ја уништивме со нашата себичност продавајќи демагогии за верба во единството, верба во идејата за која се бориме наспроти материјалното кое ни се нуди. Најчесто тоа се продава како лекција од оние кои ги уживаат сите благодети од државната цицка.

Онаа Република Северна Македонија на лажговци, на поделено општество, во кое едните се вмровци, другите сдсмовци, едните македонци, другите албанци, едните патриоти, другите предавници, едните за Европа, другите за Русија, едните за Вардар, другите за Шкендија, едните за мир, другите за војна, едните за напредок, другите за уназадување, едните за „повисока“ цена на струјата, другите за „пониска“ цена на струјата итн итн…

Ова е поделено општество! Не поделија властодржците! Не поделија оние на кои им даваме доверба 30 години. Оние на кои им даваме можност да брцнат во секој еден денар од државната каса, оние кои располагаат со нас и нашите пари, наместо да бидат во наша служба и секогаш ТУКА за наши потреби. Ова е држава РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, со географска одредница Северна, но Република на лажговци! Република во која за жал дозволивме да бидеме изманипулирани и водени од луѓе на кои зборот не им држи. Почнувајќи од прв до последен. Некои од нив додуша можеби и имаа шанса, но и желба да направат нешто, но и тие секогаш беа опкружени, а еден од нив и уште е опкружен од луѓе кои немаат ни З од тоа дека зборот треба да биде збор.

Од лаги за наводни вработувања, проекти, подобро здравство, подобро образование, многу луѓе кои добија доверба од премиерот ја злоупотребија, и тоа не во нивна штета, туку директно на штета на самите први луѓе на државата. За жал во Република Северна Македонија која сака да биде членка на ЕУ, има луѓе кои не го заслужуваат местото кое го добиле. Ние мораме конечно да добиеме држава во која зборот ќе биде збор, а луѓето кои ќе ја добијат доербата за да водат напред ќе бидат луѓе од збор! Се дотогаш пропаѓа митот за европска Македонија и европски вредности, бидејќи во Европа со лаги не се оди…

Пишува: Симон М.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Регистирани 33 деца позитивни на коронавирусот: Состојбата во градинките е под контрола

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација...

Османи: Се надевам дека следната недела ќе седнеме да разговараме со Захариева

Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...
- Advertisement -