fbpx
21.8 C
Skopje

Ретко слушаме за витаминот Ф: Дознајте каде го има и за што ни помага

АКТУЕЛНО

Витаминот Ф, кој е составен дел од растителни масла, е неопходен за правилен раст и развој на организмот.

Овој витамин се состои од есенцијални полинезаситени масни киселини: лион, линолеична и арахидонска киселина.

Витаминот Ф влијае на оксидативните процеси на метаболизмот, согорува заситени масти и помага да се изгубат вишокот килограми.

Исто така, овој витамин спречува таложење на холестерол, а кај дијабетичарите го намалува ризикот од кардиоваскуларни нарушувања и спречува болести на окото.

Докажано е дека витаминот Ф ја ублажува болката во менструалниот циклус, а се користи и во терапија со стерилитет.

Витамин Ф се наоѓа во растителни масла, а најмногу го има во маслата од соја, пченка, кикирики и ленено семе. Исто така, оревите, бадемите, сончогледот и авокадото го содржат овој витамин.

Препорачаната доза на витамин Ф е до 20 грама, што би значело приближно две лажици масло на ден.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -